Елизабета Ѓоргиевска, замина во официјална посета на Хрватска да го придружува нејзиниот сопруг, претседателот Стево Пендаровски.
Таа објави сторис на кое е во мастилно син костим до под коленици во комбинацја со реман во иста боја. Додека косата слободно ѝ паѓа по рамениците, а шминката е нежна и одмерена.
Ѓоргиевска се дружеше со првата дама на Хрватска, Сања Мушиќ Милановиќ, сопруга на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
„Дел од заедничкото време со мојата прекрасна домаќинка, сопругата на хрватскиот претседател, г-ѓа Мусиќ Милановиќ, го посветивме на уметноста. Го посетивме ателјето и мултимедијалната изложба „Муртиќ 100“ кој се смета за најзначајниот претставник на гестуалната апстракција и високиот модернизам во Хрватска. На изложбата имавме можност да видиме дел од фасцинантниот опус на академик Муртиќ кој опфаќа стотици слики, скулптури, мозаици, мурали, театарски сценографии“, рече Георгиевска.
Хрватската прва дама за оваа пригода избра темно виолетова кошула и здолниште во А крој во розова боја и салонки во истата боја, плус црвен кожен ремен како моден додаток.
во