Можен е јо-јо ефект, германски лекар предупредува на трет бран на коронавирусот

Можен е јо-јо ефект, германски лекар предупредува на трет бран на коронавирусот

пред 3 години

Германскиот лекар Штефан Клуге, предупредува дека во скора иднина би можел да настане еден вид на јо-јо ефект и предупредува дека е можна појава на трет бран на коронавирусот, пренесува српски Курир.

Клиге, во изјава за „Хамбургер Абендблат“, изјавил дека очекува многу брзо да се случи третиот бран на ширење на коронавирусот.

„Ќе го видиме јо-јо ефектот кога наскоро кога ќе паднат бројките на заразени лица од ковид 19 и кога ќе дојде до попуштање на мерките. Стравувам дека граѓаните повторно ќе бидат несвесни во почитувањето на мерките“, предупредил тој.

По првиот бран, кој се очекува да се случи на пролет, бројките за корон со месеци останаа ниски, но, како што тој укажува, сега не може да се пресметуваат бројките.

„За време на зимата, поради ниските температури, луѓето повеќе се задржуваат во затворени простори. Загрижен сум дека ќе следи трет бран и властите треба да се фокусираат и да започнат со решавање на тој проблем“, заклучил Клуге.

Share
Scroll to Top