Може идол сум ѝ па ме спомнува: Сања Барби Цинцева по препукувањата со колешката Сани Гроздановска

Може идол сум ѝ па ме спомнува: Сања Барби Цинцева по препукувањата со колешката Сани Гроздановска

пред 3 години

Фолк-пејачката Сани Гроздановска неодамна објави статус за нејзината колешка Сања Барби-Цинцева во кој напиша „Само да прашам, Сања Барби Цинцева дали си ги изми забите пред да го спомне јавно моето име? Ако не па да ѝ купам четка и паста за заби“. Тогаш ја прашавме Сани зошто ваква објава за колешката Цинцева, ама таа ни рече дека не дава изјава. Сега конечно, се огласи и Сања Барби Цинцева, која за „Репортер“ ни ја кажа својата страна:

„Незнам што да кажам, може идол сум ѝ. Инаку, во едно интревју пред не знам колку време, таа ме спомува мене откако ја прашаа со која од колешките е скарана. И јас го добив истово прашање во емисијата и јас истото го одговорив, и не ја навредив пошто јас немам таков речник, како четки, заби ама ете секој со својата култура“, вели Цинцева.

Исто така Сања Цинцева рече дека немала ништо против нејзините колешки Сузана Гавазова и Елена Велевска. Таа на социјалните мрежи пак напиша дека отсекогаш биле во добри односи и така ќе остане. Што се однесува за односот со Сани, покрај изјавата, таа напиша: „Точно е дека во минатото имало недоразбирање и медиумско препукување, но преку наш заеднички разговор на некој начин ги смиривме страстите и ги надминавме недоразбирањата“, објави таа.

(А.Г)

Си ги изми ли забите пред да ме спомнеш: Се скараа Сани Гроздановска и Сања Барбика

Share
Scroll to Top