Минатата година со задоволство го дочекавме модниот момент на мокасините, а судејќи според Инстаграм и модните брендови, ќе ги носиме и во 2022 година.
Ако во 2020 година имаше награда за најизлишното парче облека, тоа сигурно ќе беа стилето чевлите, бидејќи таа година целосно нè промени и нè одвикна од високите потпетици, кои се веќе во изумирање. До израз доаѓаат рамните чевли и нивниот класичен шарм и минималистичка разноврсност.
Изминативе 12 месеци, модните инфлуенсери најчесто носеа мокасини.
Благодарение на континуираното владеење на влечките на Gucci Horsebit и поновите интерпретации на Прада и Шанел, мокасините несомнено изгледаат како привлечен додаток на нашите есенски комбинации.
Иако изборот на дизајнерски брендови е навистина голем (Gucci, JW Anderson и ATP Atelier), има и стилски опции кои може да се најдат и на полиците на познатите улични брендови.
Во продолжение погледнете како модните инфлуенсерки ги носат своите мокасини во текот на есента:
1. Класичен блејзер + цигарет пантолони
2. Бела кошула + панталони со принт
3. Тексас + Тексас
4. Беж панталони + плетен џемпер
5. Фармерки + оверсајз џемпер