Навивачи го испрскаа Балак со пиво на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Челзи

Навивачи го испрскаа Балак со пиво на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Челзи

пред 2 години

Навивачите го испрскаа легендарниот фудбалер Михаел Балак додека го коментураше натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Челзи. Балак кој едно време играше за Челзи беше на трибините на стадионот на Бирусија заедно со уште еден коментатор на DAZn.

Двајцата мораа да се изборат со дожд од пиво откако на трибините пончаа да го слават голот на Борусија Дортмунд, пренесоа медиумите. Германецот и реагираше и им викаше да се смират.

„Еј, доста ли ви е?“, им викна Балак.

Покрај Балак на овој натпревар со пиво и воден балон го погодија и администраторот на Челзи задолжен за социјалните мрежи на клубот.

„Извинете што доцнам, администраторот штотуку беше погоден со пиво“, стои во објавата на клубот на Челзи,.

Борусија Дортмунд го победи Челзи со 1:0 во првиот осминафиналниот натпревар во Лига Шампиони. За потсетување, Балак покрај Челзи, играше и за Баер Леверкузен и Баерн Минхен.

Share
Scroll to Top