Навики кои ја уништуваат кожата

Навики кои ја уништуваат кожата

пред 3 години

Навиките, како и начинот на живот, влијаат како врз целиот организам, така и врз состојбата на кожата. Залудно трошите пари на скапи креми, серуми и гелови за чистење, доколку не се грижите за вашата исхрана и имате нездрави навики.

Доколку имате проблем со тенот, можеби правите некоја од следниве грешки:

  • Брзата храна многу брзо го зголемува нивото на шеќер во крвта и предизвикува зголемување на нивото на инсулин во крвта, а тоа индиректно води кон појава на митсери и акни.
  • Пушењето цигари не само што ја намалува циркулацијата во кожата, туку го зголемува ризикот од директно влијание на токсините врз кожата и крвта.
  • Тушот со топла вода можеби изгледа релаксирачки, но може значително да го оштети површинскиот слој на кожата.
  • Конзумирањето алкохол ја дехидрира кожата и ги отстранува нејзините природни масла.
  • Употребата на валкани четки за шминка предизвикува акни и бактериски инфекции.
  • Дефицитот на сон води кон стрес, а тоа резултира со акни, па дури и псоријаза.
  • Со цедењето на мозолчиња, нивната содржина може да се притисне уште подлабоко, поради што бактериите завршуваат уште подлабоко во порите кои предизвикуваат инфекција. Ова ги влошува акните, што дури може да доведе до лузни.
  • Честите телефонски разговори, односно лепењето на мобилниот телефон врз кожата, може да резултира со појава на акни без разлика дали уредот е чист или не.
  • Спиењето со шминка е честа грешка, но треба да имате на ум дека шминката ги затвора порите и предизвикува негативни состојби на кожата.

Share
Scroll to Top