Биографскиот филм за Тома Здравковиќ викендов се прикажа на МРТ, но и на РТС, па голем дел од балканската публика имаше можност да се присетат на песните на познатиот пејач,кој е симбло на едно време, а и да дознаат повеќе биографски факти за него.
Од филмот „Тома“ се добива впечаток дека познатиот пејач имал само едно дете, но тој имал две деца: ќерка и син.
Од првиот брак со сопругата Олгица со која бил само неколку месеци во брак во 1963-та година ја има ќерката Жаклина, a од бракот со четвртата сопруга Гордана, го има синот Александар.
За 30-годишнината од смртта на Тома Здравковиќ непосредно по премиерата на филмот „Тома“, неговиот вечен дом во Централните гробишта во Белград го посетија и последната сопруга Гордана, но и ќерката Жаклина која тогаш изјави дека нејзиниот татко постојано сакал да ѝ надомести за изгубеното време.
„Го помнам како прекрасна личност, романтичен, тврдоглав, емотивен. Кога сакаше да успее во нешто немаше можност некој да го запре“ – вели таа.
Жаклина вели дека таа израснала во Пула, а тој ја гледал кога доаѓал на концерти. Жаклина раскаж дека во периодот од 5 до 17-годишна возраст воопшто не го видела татко ѝ.
Кога наполнила 18 години самата посакала да го види па дошла кај него и останала.
Жаклина денес живее во Холандија, има две деца, а во Србија се враќа многу ретко.
Синот Александар, кој денес живее со мајка му Гордана во Торонто, не се појави за премиерата на филмот, но тој во минатото говореше за неговиот татко и за сеќавањата.
Фото:
Александар, за првпат го посети гробот на неговиот татко во 2016-та година или 25 години по неговата смрт. Тој тогаш рече дека знаел дека неговиот татко бил болен, но дека сепак бил во шок кога тој починал.
„На првата операција што ја имаше му извадија бубрег. Јас подоцна дознав дека можеби можеле да го спасат. Но, не го направиле тоа, па неговиот рак на простата метастазирал на вториот бубрег и потоа му остана само дијализата.
Искрено, не верувам дека тој сакаше да живее така, да остане без бубрези и да го водат на дијализа. Тој не беше таков, сакаше да ужива во животот“ – рече Александар.
Фото:
Синот на Тома, признава дека во периодот кога останал без татко воопшто и не сфаќал колку неговиот татко бил популарен. Како што вели, Тома дома секогаш бил обичен човек.
„Кога ќе дознаат чиј син сум прво ме прашуваат како растев без него. Некогаш се претставував како Александар Саша за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ.
Бев многу млад кога тој почина, дури подоцна сфатив колку многу тој значи за музиката и за другите луѓе и што остави зад себеси.
Фото: Дури кога наполнив 16-17 години, кога почнав да се вљубувам, почнав да ги сфаќам неговите песни. Наместо во парк некогаш со него одев во казино. Видов многу работи многу млад. Не ни знаев што се случува околу мене“ – рече тој во една прилика.
Александар завршил филмска школа во Торонто, а работи како тон-мајстор на концерти, но има и свое музичко студио.
Освен што соработува со познати канадски музичари, вели дека креира и сопствена музика, но сака нејзината музика да биде прифатена само доколку е доволно добра, а не затоа што е син на познатиот српски пејач.