Подобро е да тагувам по неа, а да знам дека е среќна: Џамбазов ја најави својата нова книга

Подобро е да тагувам по неа, а да знам дека е среќна: Џамбазов ја најави својата нова книга

пред 3 години

Актерот и шоумен Игор Џамбазов ја најави својата најнова книга со наслов „Книгата што сама се напиша“. Тој објави извадок од неа и напиша дека наскоро ќе ја објави.

Ова е негова осма книга која ја има напишано.  „Тоа сум јас“ со поднаслов „Нека цркнат душманите“ е неговата прва книга, во која пишуваше за мајка му глумицата Анче Џамбазова.

Во 2004 ја напиша „Гол човек“, која важи за една од неговите најконтроверзни книга каде Џамбазов се соголи пред читателската публика и искрено говореше за својот приватен живот.

 

 

По неа следеше „Прирачник за анти-анти алкохоличари“ каде говореше за своите проблеми со алкохолот. Во 2013 пишуваше за неговата мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска „Приказни од Мјаукедонија“.

Следната година ја издаде „Облечен човек“ каде ги водеше читателите низ неговото детство во младоста. Во 2016 излезе од печат „Умрен човек“ за на крај, во 2017 година, издаде збирка негови песни насловена како „Улица Диши длабоко“.

 

 

 

Share
Scroll to Top