Намирница која има повеќе железо од спањак, ја препорачува и Новак Ѓоковиќ

Производ што има повеќе железо од спањак, го препорачува и Новак Ѓоковиќ

пред 3 години

Спирулина е модро-зелена микроалга која го подигнува имунитетот, го чисти организамот и ја поправа крвната слика. Има корисен ефект на целиот организам.

Еден од најстарите жители на нашата планета е малата модрозелена алга, со спирален облик. Во езерата и океаните живеат повеќе од три милијарди години. Спирулината е алга која во некои делови од светот е позната и како зелена крв. Таа го чисти организмот и ја подигнува енергијата.

Многу древни народи ја користеле за лечење и засилување на организмо. Старите Астеци од неа подготвувале колачи. Денес најмногу се одгледува на подрачјето на Кина, Австралија и Хаваи. Кина го снабдува половина од светскиот пазар и ја има прогласено за намирница од национален интерес.

Благодарение на високата содржина на протеини, таа се користи во случаите со хеухранетост, особено кај децата во сиромашните земји.

Спирулината е богата со витамини и минерали. Една дневна доза во прав, содржи повеќе железо од две чаши спањак. По бербата, од неа се прави густа паста, која потоа се суши. Таа се продава во вид на прав, таблета, капсула и таблети.

Спирулина ги штити нервите и видот. Содржи зеаксантин, силен антиоксиданс кој има користен ефект за нервниот систем и очите. Делува и кај труењето со тешки метали, затоа што ги врзува, а потоа помага во нивното исфрлање од телото. Ефикасна е и против штетното зрачење.

Спирулината го потпомага и слабеењето. Таа ја олеснува борбата со вишокот на килограми и брзо создава чувство на заситеност. Ја дава потребната енергија, а не содржи шеќер. Експертите предупредуваат дека диетата не смее да се базира исклучиво на спирулината.

Тие велат дека таквиот режим не е здрав и не дава долгорочни резултати. Прекочерувањето на дневните дози може да предизвика пореметување во работата на бубрезите и црниот дроб. Во случај на болест и терапија со лекови, пред земање на спирулината треба да се посоветувате со лекар.

Спирулината ја забрзува детоксикацијата. Бета каротенот е најделотворниот нутриент во борбата против слободните радикали кои ги чистат клетките, го забрзуваат стареењето и го зголемуваат ризикот од малигни болести.

Благодарение на оваа состојка, спирулината има својство да ги елиминира токсините и другите нечистотии од крвотокот. Се препорачува на поранешни алкохоличари и пушачи, поради исфрлањето на наталожените отрови.

Позната е и како одличен превентив против воспалителните болести, особено реуматоидниот артритис. Благодарение на детоксикациските својства, таа се користела во поранешниот СССР, по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Спирулината го засилува имунитетот. Таа е како вистинска протеинска бомба. Оваа алга е идеална за вегетаријанците и веганите. Истражувањата потврдиле дека има корисен ефект во здравјето на луѓето, особено во засилувањето на имунитетот и забрзување на метаболизмот.

Го намалува холестеролот и го стабилизира шеќерот во крвта. Нутриционистите особено им ја препорачуваат на спортистите, бремените жени и лицата со ослабен имунитет. Светскиот шампион Новак Ѓоковиќ, ги откри благодетите од оваа алга. Самит вели дека е важен елемент во неговата исхрана.

Share
Scroll to Top