НАСА откри вода на Месечината

НАСА откри вода на Месечината

пред 4 години

Од НАСА открија дека пронашле вода на Месечината. Научниците дошле до џепови со вода, кои во иднина би можеле да им ги олеснат мисиите на астронаутите.

Водата за првпат е пронајдена со помош на телескопот „Софиа“, изјавил администраторот на НАСА, Џим Бриденстајн на неговиот „Твитер“ профил.

Ова истражување покажува дека водата би можела да се дистрибуира по целата површина на Месечината.

Ова откритие е голем чекор напред, во мисијата за истражување на остатокот од Сончевиот систем, но се поставува прашањето како точно водата стигнала на површината на Месечината и како останала во состојба да ги преживее тешките услови на земјениот сателит.

Научниците претходно сметале дека било каква количина на вода, на површината на Месечината ќе биде изгубена, но се чини дека таа е присутна насекаде, а не само во деловите кои се сокриени од Сонцето.

 

Share
Scroll to Top