Натали Портман: децата не би требало да работат во Холивуд

Натали Портман: децата не би требало да работат во Холивуд

пред 5 месеци

Натали Портман (42) ја започна својата долга филмска кариера кога имаше само 12 години – со улога во филмот на Лук Бесон, „Леон: Професионалецот“.

Сепак, оскаровката смета дека децата не треба да работат во Холивуд.

„Не би ги охрабрила младите да го прават ова. Мислам дека некогаш да, но додека се уште се деца, не“, изјави актерката неодамна за „Варајети“.

Сепак, Портман не жали што ја започнала својата актерска кариера во предпубертетските години, бидејќи нејзините родители можеле да се грижат за неа додека била на снимање.

„Се чувствувам среќна што не бев повредена, но им придавам признание и на моите презаштитнички, прекрасни родители. Не ви се допаѓа тоа кога сте дете, но сте благодарни кога ќе пораснете. Слушнав премногу лоши приказни и мислам дека децата не треба да бидат дел од тоа“, објасни таа понатаму.

Share
Scroll to Top