Меѓународното биро за тегови и мерки на состанокот во Версај, речиси едногласно гласаше за „Резолуцијата Д“, во која е предложено праксата за престапната секунда се прекине од 2035 до 2135 година.
Многумина знаат за престапната година, односно година во која февруари трае еден ден подолго, но малку знаат за престпаната секунда која им предизвикува проблеми на технолошките компании.
Така сајтот „Редит“ во 2012 година, паднал на 40 минути кога престапната секунда им сметала на нивните сервери, а компанијата Cloudflare во 2017 година ја посочи престапната секунда за уравање на нивните DNS сервиси. Претходно оваа година, компанијата „Мета“ на својот блог побара да се укине оваа пракса.
На задоволство на голем број компании во технолошката индустрија, тоа и ќе се случи, затоа што глобалната комисија на научници и претставници на владата, гласале за укинување на престапната секунда. Сите се надеваат дека за целиот овој период ќе се смисли подобар систем за синхронизирање на времето.
За неа одлучува Меѓународната служба за ротација и реферетен систем (IERS), која тоа го прави шест месеци однапред. Воведена е во 1972 година, за да се прилагоди координираното универзално време поради несогласувањето на атомското и соларното време.
За потсетување правилото по кое на февруари му додаваме еден ден е многу едноставно. Доколку годината е делива со 4, во прашање е престапна година (исклучок е годината делива со 100, но не со 400). Сепак ова правило не важи за престапната секунда поради благите промени во Земјината ротација.