Научниците открија гравитациона дупка во Индискиот океан

Научниците открија гравитациона дупка во Индискиот океан

пред 1 година

Во Индискиот Океан постои гравитациска дупка, односно област каде што Земјината гравитациона сила е послаба, а нејзината маса е помала од нормалната и нивото на морето е пониско за околу 100 метри.

Оваа аномалија долго време ги збунувала геолозите, а сега експертите од Индискиот институт за наука во Бенгалуру најдоа објаснување за нејзиното потекло. Облаци од магма кои доаѓаат од длабочините на планетата, слични на оние кои водат до создавање на вулкани е причината за појавата на истата.

Со помош на суперкомпјутер, научниците спроведоа симулации за можното потекло на областа, дури и пред 140 милиони години. Симулациите покажаа дека причината за гравитационата дупка е древен океан кој повеќе не постои.

„Океаните сме навикнати да ги замислуваме како на Земјата, како совршена сфера, но тоа е далеку од вистината. Земјата во основа е грутлив компир“, рече геофизичарот Атри Гош од Индискиот институт за наука.

„Значи, технички, тоа не е сфера, туку елипсоид, бидејќи додека планетата се ротира, средниот дел се испакнува нанадвор“, додаде таа.

Нашата планета не е хомогена по густината и својствата. Некои области се погусти од другите, што влијае на површината на Земјата, нејзината гравитација и содржината на материјалот внатре во планетата“, рече Гош, а пренесе „Си-Ен-Ен“.

Гравитациска дупка во Индискиот океан е официјално најниската точка во геоидот и е неговата најголема гравитациска аномалија. Таа формира кружна вдлабнатина која започнува веднаш од јужниот врв на Индија и зафаќа околу 3 милиони квадратни километри.

За да најдат можно објаснување, Гош и нејзините колеги користеле компјутерски модели за да го вратат часовникот 140 милиони години наназад и да видат како изгледала планетата тогаш.

„Континентите и океаните биле на многу различни места, а структурата на густината тогаш исто така била многу различна“, објасни Гош.

Share
Scroll to Top