Начевски и Николов ќе го судат ракометното финале на Олимпијадата во Токио

Начевски и Николов ќе го судат ракометното финале на Олимпијадата во Токио

пред 3 години

Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу Франција и Данска кои ќе се борат за златото.

Начевски и Николов ќе судат уште еден голем натпревар по само година и пол откако го водеа и финалето на Европското првенство за ракометари во Австрија, меѓу селекциите на Норвешка и Шведска.

Начевски и Николов претходно беа дел и од Олимписките игри во Лондон во 2012 и во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Ова е големо признание за најдобриот македонски ракометен судиски тандем, нешто што не им успеа и на Марјан и Драган Начевски кога беа на врвот на кариерата.

Share
Scroll to Top