Најпознатиот српски бербер Саја Мајстор ќе има четиричасовно шоу во Скопје

Најпознатиот српски бербер Саја Мајстор ќе има четиричасовно шоу во Скопје

пред 2 години

Најпознатиот српски бербер, Саја Мајстор, на 18 јуни во Скопје ќе одржи четиричасовно шоу во хотелот „Мериот“. Тој првпат ќе се претстави пред македонските бербери и фризери, а ќе покаже како потстрижува, прави фризури, црта тетоважи на коса.

dobivaj vesti na viber

Организаторите, „Колор медиа“ најавија неколку изненадувања за гостите на настанот.

Во продажба се пуштени 200 влезници кои чинат 1800 денари.

Share
Scroll to Top