Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

пред 2 години

Најскапиот вид лимони во светот се одгледува во градот Љушња во средишна Албанија. Сортата „Citrus australasica“ која е позната и под името „кавијар лимон“ или „прст лимон“  потекнува од Австралија и се продава по 87 евра за килограм по нарачка во познатите ресторани во Европа, објави Албанската радиотелевизија.

Љушња е единствената област од ова поднебје каде што посебната разноликост на австралискиот микроцитрус се прилагодила на почвата и климата. Земјоделецот Клодијан Хида првите лимони од оваа сорта почнал да ги одгледува уште пред пет години во село близу Љушња, а првично родот го користел тој и неговото семејство.

Хида засадил 270 корени од три подвида „лимон кавијар“. Плодот е исклучително баран на странскиот пазар, особено во Италија и Франција.

Овој лимон се разликува од тукашните лимони по тоа што од него не се цеди сок, туку се вади месестиот дел од плодот што е направен од влакна. Се користи во разни салати, јадења од риба, или за десерти. Албанските ресторани сѐ уште не ја користат оваа сорта лимони, зардаи високата пазарна цена.

Share
Scroll to Top