Најстарата зоолошка градина на светот е во Винеа и утре слави 270. роденден

Најстарата зоолошка градина на светот е во Винеа и утре слави 270. роденден

пред 2 години

Најстарата зоолошка градина на светот која е во Винеа утре одбележува 270 години постоење.

dobivaj vesti na viber

„Шенбрун“ во Виена била основана во 1752 година од царот Франц Штефан Први и неговата сопруга Марија Терезија како менажерија со 12 животински живеалишта. Тое биле  распоредени околу царскиот павилјон. Во времето на двете светски војни била оштетена, но и по 270 години останува една од најубавите зоолошки градини на светот.

Денес е дом на околу 8.000 илјади животни од 70 различни видови. Тие живеат на површина од 17 хектари. Властите на градината постојано ги унапредуваат живеалиштата, велат дека  самите животни ѝ ги даваат најубавите подароци на градината за роденденот, како размножувањето на жирафите и првото орангутанче родено по 20 години.

 

 

 

Share
Scroll to Top