Најстудениот град во Лапонија се кандидира за домаќин на летната Олимпијада 2032 за да укаже на глобалното затоплување

Најстудениот град во Лапонија се кандидира за домаќин на летната Олимпијада 2032 за да укаже на глобалното затоплување

пред 3 години

Сала, најстудено место во Лапонија сместено северно од Арктичкиот Круг, се кандидира за домаќин на летната Олимпијада во 2032 година. На овој начин, тие сакаат да го свртат вниманието кон климатските промени и проблемот со глобално затоплување, пшува „Гардијан“.

Сала ја покрена меѓународната кампања „Сала град кандидат за Летни олимписки игри 2032“ и во промотивно видео објавено на Јутјуб, негови жители играат летни спортови во целосно зимски услови и се чудат дали во областа сѐ уште ќе има снег и мраз во 2032 година.

„Кампањата има за цел да го сврти вниманието кон последиците од климатските промени. 2032 ќе биде пресвртна точка, а потоа, Сала и други арктички локации ќе престанат да бидат какви што се сега, бидејќи снегот и мразот ќе се истопат среде сѐ потоплите зими. Сакаме да ја зачуваме Сала онаква каква што е и нашите зими да бидат полни со снег и мраз. Затоа дојдовме на оваа луда идеја да организираме летна Олимпијада во еден од најстудените градови на светот“, изјави градоначалникот Ерки Паркинен.

Сала има околу 3.400 жители и температурите таму се спуштаат до -50 Целзиусови степени.

Share
Scroll to Top