Најубавите жени во хороскопот - Reporter.mk

Најубавите жени во хороскопот – Reporter.mk

пред 3 години

Риби – најубавиот хороскопски знак
Жените родени во знакот Риби се сметаат за најубави и поради нивната креативност и поради сочувството што го имаат кон другите луѓе. Кога станува збор за физичкиот изглед, Рибите би можеле да им позавидат на нивните совршени стапала и зглобови. Исто така, еден од нивните главни адути се убавите очи.

dobivaj vesti na viber

Девица – најшармантниот хороскопски знак
Најсилното оружје на секоја Девица се зборовите и смислата за хумор. Тие можат да ве шармираат во само неколку реченици. Жените родени под овој хороскопски знак обично имаат извајано тело, кое плени со тесниот струк и нагласените колкови. Ако ви „фати око“ на плажа, голема е веројатноста таа да е Девица.

Лав – најинтересниот хороскопски знак
Можеме да кажеме дека Лавот владее со срцето. Нивните чувства се обично искрени, бидејќи кога сакаат, тие навистина сакаат. Жените родени во овој знак обично ги краси бујна деколте, па не е чудно што мажите токму тоа прво го забележуваат кај нив. Поради ова, тие имаат високо ниво на самодоверба. Лавиците едноставно знаат да уживаат во љубовта.

Share
Scroll to Top