Најубавите метроа во Европа се големи уметнички галерии

Најубавите метроа во Европа се големи уметнички галерии

пред 3 години

КИЕВ

Главниот град на Украина ја има најдлабоката метро станица на светот. Таа е над 100 метри под уличното ниво. Станица која не треба да се пропушти е Золоти, која е изградена да изгледа како замок, а нејзините ѕидови се украсени со мозаици.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Изградбата почнала во 1941 година,  но морала да биде прекината поради нацистичката инвазија на СССР. Сепак, првите патници почнаа да се возат дури во 1955. И ова е еден од најдлабоките системи на подземна железница на светот. Направена е со раскошни високи тавани, мермер, има многу уметнички дела и лустери.

ЛИСАБОН

Ова е најголемата уметничка галерија во градот, во која што повеќе од 50 станици беа отстапени на сликари, дизајнери и архитекти за да ги прикажат историјата и културата на Португалија.

НЕАПОЛ

Метрото стана еден од симболите на ренесансата на градот, кој од излитено пристаниште се претвори во важен туристички центар. За станицата на уметноста на 90 домашни и странски уметници им дадоа слобода да го украсат метрото. За ова беа создадени преку 180 уметнички дела. Ова е една од најубавите подземни железници во Европа.

СТОКХОЛМ

Метрото во Стокхолм се издвојува не само со своите пештерски ѕидови и тавани, туку тие се дел од 160 километри уметност. Секоја е поубава од претходната, украсени со скулптури, мозаици, мурали и инсталации изработени од стотици уметници.

МОСКВА

Од сите метро системи од советската ера, московскиот е најимпресивен во поглед на големина и естетика.  Има повеќе од 200 станици и е една од најпрометните подземни железници во Европа.

ЛОНДОН

Како најстаро метро на светот, повеќе од 150 години, лондонски Тјуб беше пример според кој други градови градеа подземни железници. И покрај староста, овој лавиринт од станици добро се одржува низ децениите. Поновите станици се одликуваат со модерни дизајни и декори од познати уметници, меѓу кои се истакнува 90-метарскиот ѕид од ЛЕД сијалици.

Share
Scroll to Top