Најчести заблуди за исхраната - Reporter.mk

Најчести заблуди за исхраната – Reporter.mk

пред 3 години

Исхраната во последниве неколку години ја следат голем број недоумици и контроверзии – до таа мера што не знаеме што е добро, а што не за нашиот организам.

Еве неколку одговровори на тоа прашање

1. „Треба да јадеме нискокалорична храна за да ослабнеме“ – Не треба.

Треба да јадете помалку калории отколку што ги трошите. Без разлика дали јадете нискокалорична, ниско-масна храна или ниско сè, резултатот во контекст на тежината ќе биде ист. Вистината е дека на некои повеќе им одговара една, друга или трета варијанта, затоа и говориме постојано за важноста на индивидуализација на исхраната. Тоа не значи дека во контекст на здравјето е сеедно од каде доаѓаат калориите.

2. „Ако јадеме здраво, ќе бидеме фит“ – Не е нужно.

Да јадете здраво не подразбира автоматски да јадете калориски урамнотежена храна. Можете да ја јадете најздравата храна на светот, но ако јадете премногу, ќе имате вишок килограми и ќе бидете нездрави. Можете да јадете и најлоша, но калориски урамнотежена исхрана, и ќе имате здрава тежина, но вашето здравје ќе пати.

3. „Супернамирниците ќе ни донесат здравје“ – Нема.

Здравата исхрана, здравата телесна маса и телесната активност тоа ќе го направи Супернамирниците се маркетиншки трик. Не ви требаат маркетиншки трикови за да јадете повеќе овошје и зеленчук.

4 „Храната е лек.“

Би било убаво да верувате во тоа, како некој чии леб зависи од промоцијата на важност на исхраната. Но, храната не лечи болести. Храната превенира болести. Немој да чекате болест за да почнете да се храните здраво, затоа што можеби ќе биде предоцна.

5. „Мораме да јадеме појадок за да бидеме здрави.“

Не постои нити еден оброк кој е поважен од другите. Доколку во текот на денот ги внесувате сите потребни хранливи материи, речиси е небитно како ќе ги распоредите, сè додека распоредот е практичен и одржлив за вас.

 

 

Share
Scroll to Top