На Бали Бег му се заканува казна затвор од 4 години

На Бали Бег му се заканува казна затвор од 4 години

пред 5 години

Турскиот глумец Бурак Озџивит, познат како Бали Бег би можел да заврши во затвор за навреда на честа на сценографот и уште тројца членови од тимот со кој ја снимале серијата „Курулус Осман“. Тие го тужеле Бег за навреда на честа. Тој на снимањето ги нарекувал со погрдни имиња.

Медиумите пренесоа дека тие се обиделе прво мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор, па сега Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.

Доколку биде обвинет, го чекаат четири години зад решетки. Но, последниот збор ќе го даде Третиот суд во округот Беикоз во Истанбул. Глумецот на почетокот ги негирал обвинувањата иако имало сведоци кои можеле да го потврдат спротивното.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top