На Пол Артурс, бившиот гитарист од англискиот рок бенд „Оазис“ дијагностициран му е рак на крајници. Тој денеска ова го објави на Твитер и најави дека ќе паузира со настапите за да може да започне со лекување.
— Paul Arthurs. (@BoneheadsPage) April 26, 2022
Тој жали што нема да биде дел од настапите на бендот, бидејќи третманот за лекување вклучува операција, терапија со зрачење и хемотерапија.
Пол е најпознат како гитарист, повремен клавијатурист и ко-основач на рок бендот Оазис со браќата Ноел и Лиам Галагер и Пол МекГуиган и Тони Мекарол. Тој го напушти бендот во 1999 година за да може да поминува повеќе време со своите деца. Во тоа време, „Оазис“ го снимаше својот четврти студиски албум.