Погребниците во Рим денес излегоа да протестираат поради големото доцнење на погребите на градските гробишта и им порачаа на властите дека не се способни да се изборат со големиот број на смртни случаи како последица на коронавирусот.
Агенцијата „Ројтерс“ пренесе дека директорите на градските гробишта соопштиле дека повеќе од 2000 тела се чуваат во еден римски крематориум, некои дури и од почетокот на годината, а во кој може да извршат околу 50 кремации дневно, додека поради големиот број на погреби, мртовечниците на другите гробишта се преполни.
„На секои неколку дена ни порачуваат дека гробиштата се блокирани и дека нема повеќе простор каде да се погребаат мртвите“, изјавил Џовани Качоли, шефот на италијанската федерација на погребални работници.
Во изјавата дадена претходно оваа недела, компанијата на градскиот совет, која се занимава со погребување и кремирање, признала дека се соочува со ситуација без преседан и дека се работи на правење на 60.000 нови гробни парцели за градот.
Било кажано дека градот забележал 4763 мртви случаи повеќе во периодот од октомври 2020 година и март 2021 година, споредено со истиот период од 2019 до 2020 година. Трендот на раст на бројката на починати продолжила и во април.
Во Италија досега се пријавени 116.000 смртни случаи поврзани со коронавирус. Повеќето се случиле во Северна Италија, но, во последните месеци вирусот однел сè поголем број на жртви во централна и јужна Италија.