На Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина на крајот од ноември годинава, не му биле давани лекарства, за проблемите кои тој ги имал со неговото срце, покажала направената обдукција.
Претходно една медицинска сестра, лекар и возач беа под истрага зата што се сомничеа дека давале лажни искази по повод неговата смрт.
Неговиот личен доктор бил на испитување кај обвинителот, исто како и неговиот возач. Возачот Максимилијан Тримаки (44), сведочел дека не бил дома во моментите кога Марадона починал, но, безбедносните камери и податоците од неговиот телефон го покажувале спротивното.
Исто така било утврдено и дека медицинската сестра која требало да го надгледува, ги лажела надлежните и дека го оставила Марадона неколку часа без никаков надзор.
Од Јавното обвинителство во Сан Исидро, едно од предградијата во Буенос Аирес, изјавиле дека Марадона не примал лекарства за кардиковаскуларната болест. Обдукцијата покажала дка тој имал хронични проблеми со срцето, црниот дроб и бубрезите.
Токсиколошките испитувања не утврдиле присуство на алкохол и наркотични дроги во неговиот систем. Марадона почина на 60 години. Тој имал долга историја на лекување од зависност од
алкохол и дрога.
Од Јавното обвинителство во Аргентина било побарано да се направи обдукција врз неговото тело, во рамки на истрагата што треба да покаже дали смртта на славниот фудбалер, настанала како последица на медицинска негрижа.
„Резултатите што ги добивме од лабораториските испитувања докажуваат дека на Марадона му биле давани психотропни супстанци, но не и лекарства за срцевата болест“, изјави анонимен
претставник на Обвинителството за аргентинската агенција „Телам“.
Медицинска сестра, лекар и возач лажеле во случајот со смртта на Марадона