На разведен пар судот им додели заедничко старателство над кучињата

На разведен пар судот им додели заедничко старателство над кучињата

пред 2 години

Аргентинскиот суд првпат во историјата на земјата додели заедничко старателство над две кучиња по разводот на брачен пар без деца и им одобри правото на посета.

Судот во Сан Исидро му го додели старателство над деветгодишната Киара од мешана раса на нејзиниот сопственик Емануел Медина, а за Попај, шестгодишниот црн лабрадор, ќе се грижи неговата сопственичка Аморина Абаској, објави адвокатот Брајан Кнобел.

Договорот за развод предвидува двајцата поранешни сопружници да можат редовно да го посетуваат другото куче кое не е во нивно старателство, а исто така да можат да ги разменат.

„Нема проблем да се сретнеме сите четворица, без разлика што сме разведени. Иако после разводот Попај и Киара се гледаат секоја недела, еден на друг многу си недостигаат“, изјави за локалната телевизија, Аморина, која се разведе од сопругот по 15 години брак.

Адвокатот Кнобел рече дека двојката ги смета кучињата за личности кои не се луѓе, но имаат чувства.

„Едно прашање останува нерешено, а тоа е исхраната. Г-ѓа Абаској сака урамнотежена храна за кучиња, а нејзиниот поранешен сопруг ја храни Киара со житарки“, рекол адвокатот и додал дека наскоро ќе најдат решение и за тој проблем.

 

Share
Scroll to Top