На 93 години се ожени космонаутот Баз Олдрин, вториот човек што стапна на Месечината

На 93 години се ожени космонаутот Баз Олдрин, вториот човек што стапна на Месечината

пред 1 година

Поранешниот космонаут Баз Олдрин се ожени со Анка Фаур на својот 93. роденден. Тој е познат како пилот на мисијата „Аполо 11“ и вториот човек што стапна на Месечината по Нил Армстронг во 1969 година.

Ова е четврти брак на Олдрин. Тој сликите од венчавката ги објави на својот Твитер.

„Возбудени сме како тинејџери кои побегнале од своите родители за да се венчаат“, напиша Олдрин.

Некогашниот космонаут и докторката по хемиски инженеринг, Анка Фаур (63), се во врска неколку години. Таа е и извршен потпретседател на „Баз Олдрин венчрс“, пренесе „Би-би-си“.

„Аполо 11“ беше лансиран на 16 јули 1969 година со екипаж составен од тројца космонаути: Нил Армстронг, Едвин Баз Олдрин и Мајкл Колинс. На 21 јули, Армстронг стана првиот човек што стапнал на Месечината. Набрзо потоа му се придружил и Олдрин.

Share
Scroll to Top