НБА ѕвездата Раџон Рондо ѝ се заканувал на бившата дека ќе ја убие

НБА ѕвездата Раџон Рондо ѝ се заканувал на бившата дека ќе ја убие

пред 2 години

Познатиот американски кошаркар Раџон Рондо ѝ се заканувал на бившата сопруга дека ќе ја убие, пренсе TMZ Sport. Тој посегнал со пиштолот на неговата поранешна партнерка и мајка на неговите деца Ешли Бечелор. Драмата се случила минатата недела во нивниот дом во Лујвилу.

dobivaj vesti na viber

Бечелор одма повикала полиција и помош и побарала заштита за нејзиниот син и ќерка. Расправијата се случила додека Рондо играл видео игра со синот, а Ешли од синот побарала помош додека ги средувала алиштата. Тогаш Рондо наводно збеснал.

Двократниот НБА шампион ја скршил конзолата, а потоа продолжил да прави хаос низ куќата и кршел сè што му било пред патот. Тогаш Рондо излегол од дома, а се вратил по 15 минути со пиштол. Ешли се обидела да го смири затоа што се плашела за децата. Вели дека Рондо бил непресметлив во тие моменти.

„Се плашам за мојата и сигурноста на моите деца. Ронди и претходно се случувало да стане насилен. Емотивно, вербално и финансиски не злоставуваше. Често ги удираше децата. Повеќе пати мене ми се закануваше дека ќе ме застрела“, рече Бачелор во полицијата.

Таа побарала заштита од полицијата затоа што се плаши дека Рондо ќе се врати и ќе ја убие. Во моментов полицијата трага по него. Рондо има 36 години и најдобрите денови во кариерата ги минува во Бостон, тим со кој стана шампион во 2008 година.

Потоа играше за Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Лејкерси, Атланта, Клиперс и пак за Лејкерси со кој стана и шампион, додека од летото е член на Кливленд. Засега никој од неговите адвокати се немаат огласено во јавноста за овој инцидент.

 


Ќе ви се допадне

tải go88

Share
Scroll to Top