Неколку прчини заради кои луѓето го избегнуваат сексот

Неколку прчини заради кои луѓето го избегнуваат сексот

пред 3 години

Истражувањата кажуваат дека во ова лудо време, секој е загрижен за својата егзистенција, дури 43% од мажите се откажале од сексот само за да ја задржат работата…

Економската причина е разбирлива, но анкетите покажуваат дека луѓето се откажале од сексот и поради помалку важни работи.

Анкетата ја спровело онлајн казиното Рокси Палас, а прашалникот го пополниле над 700 самци и оженети мажи од 21 до 50 години. Скоро половина од нив би се откажале од сексот поради кариерата. Еве што рецесијата може да му направи на сексот!

Но луѓето се во состојба да се откажат од сексот поради многу помали работи. Чудно, па дури и страшно е поради што сè луѓето би се откажале од оргазмот. Следи попис на резултатите од различните анкети спроведени во разни земји кои го потврдија овој неразбирлив избор:

68% од жените би се откажале од сексот на најмалку месец дена само за да добијат совршено тело за бикини;

15% од испитаниците рекоа дека повеќе би сакале да се откажале од сексот отколку да поминат викенд без својот Ајфон;

12% од Американците би се откажале од сексот ако поради тоа имаат поквалитетен сон;

20% од жените повеќе би сакале да се откажат од сексот на една недела само за да можат да ги разгледуваат најновите слики кои нивните пријатели ги ставаат на фејсбук.

21% од испитаниците би се откажеле од сексот на година дена само за да можат да имаат пристап до Интернет.

25% од студентите би се откажале од сексот на година дена само за да не мораат да носат претешки книги;

75% од луѓето би се откажале од сексот поради својата омилена храна.

Share
Scroll to Top