Ненадејно почина актерот Љубе Терзијев

Ненадејно почина актерот Љубе Терзијев

пред 3 години

Вчера ненадејно почина актерот Љубе Терзијев (72) долгогодишен член на ансамблот на велешкиот театар Ј.Х.К. Џинот.

Како актер прво работеше во Народниот театар во Штип од 1971 до 1975 година, а во Народниот театар „Јордан.Х.К.Џинот“- Велес е од 1975 година се до пензионирањето во 2014 година.

Има остварено голем број на театарски улоги меѓу кои посебно се издвојуваат Џими во „Вејка на ветерот“, Јасон во „Медеја“ , Ампо во „Чорбаџи Теодос“ , Герард во „Младоста пред суд“,Оливер Кромвел во „Кобното тркалце“,Цермонијал Лужин во „Злосторство и казна”, Липовски во „Кукавично јајце“, Чорбаџи Миладин во „Сомнително лице“,Бордир во„Крал Иби“,Жевакин во „Женидба“,Супериус во „Пеш“, Господинот Диманш во „Дон Жуан“, Мисајле во „Хамлет од Долно Дивјаци“, Степан во „Предлог за брак“(„Брачни понуди“), Господ во „Утешение грешним“,Духот на Едип во „Антигона“,Кадмо во „Бакхи“, Василие во „Радован III-ти“,Џон Фримен во „Четвртата сестра“ и други.

Share
Scroll to Top