Неоткриените плажи на Пелепонез меѓу најубавите во Грција

Неоткриените плажи на Пелепонез меѓу најубавите во Грција

пред 3 години

Некои од најубавите плажи во Грција се наоѓаат на Пелопонез. И покрај нивната убавина, ги посетува претежно локалното население бидејќи туристите речиси  не знаат дека овие плажи постојат.

Плажа Калогрија, Ахаја

Оддалечена е околу 45 километри од градот Патра и е долга 9 километри. Целата е покриена со златен песок, што ја сместува меѓу најубавите подрачја во областа на Ахаја, а често ја сметаат и за најубава на цел Пелопенез.

Околу неа изобилува околу 20.000 хектари борова шума, која се протега по должината на цената плажа.

Плажа Лимени, Лаконија

Традиционалното село Мавромихали, познато не само по добрите градби туку и по плажата Лимени, се наоѓа на околу пет километри од Ареополи. Одлично е за посета во секоја доба од годината, дури и кога не е сезона за капење. Во селото има многу работи во кои можете да уживате.

Плажа Фонеас, Месенија

Се наоѓа на половина пат помеѓу градовите Каламата и Ареополи, лесно препознатлива по доминантната и впечатлива карпа што го дели крајбрежјето на два дела.

Овде морето е длабоко и има прерасна сина боја, а исто така изобилува и со импресивни пештери.

Share
Scroll to Top