Неотпакуваната ВХС касета од филмот „Враќање во иднината“ продадена за 75.000 долари

Неотпакуваната ВХС касета од филмот „Враќање во иднината“ продадена за 75.000 долари

пред 2 години

Неотпакуваната ВХС касета од хитот од 1980-тите „Враќање во иднината“ беше продадена за 75.000 долари на првата аукција на заборавен и застарен формат за репродукција на видео.

На аукцијата што ја одржа компанијата „Херитиџ аукција“ од Тексас беа претставени 260 ВХС касети во оригинално пакување, од кои повеќето беа копии на филмови од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век.

Според медиумите, цената што ја достигнала касетата на филмот „Враќање во иднината“ е највисоката по која досега е продадена некоја ВХС касета. Копија од филмот, која му припаѓаше на актерот Том Вилсон, беше придружена со неговата порака.

– Ова е ВХС лентата од првото издание на „Враќање во иднината“ што тогаш ми ја испрати студиото. Бидејќи мислев дека ВХС платформата ќе постои засекогаш, ја зачував, но сега не можам да најдам видеорекордер. На општо изненадување, интересот на колекционерите на ВХС касети неодамна е зголемен, особено кога станува збор за првите изданија на хит филмови или тие се во оригинално пакување.

Share
Scroll to Top