„Нетфликс“ ќе снима продолжение на серијата „Луди 70-ти“

„Нетфликс“ ќе снима продолжение на серијата „Луди 70-ти“

пред 3 години

„Нетфликс“ планира да снима продолжение од популарната хумористична серија од деведесетите години „Луди 70-ти“. Тие сега сакаат продолжението да го насловат „Луди 90-ти“.

Во продолжението ќе глумат оригиналните глумци Куртвуд Смит и Дебра Џо Рап, кои ги играа родителите на главните актери. Новата серија ќе ги прикаже годините во периодот од 1995 година.

Креаторите на серијата Бони и Тери Тарнер, кои повторно ќе го пишуваат сценариото, заедно со нивната ќерка Линдзи, велат дека главната акција ќе се одвива околу Леја Форман, која откако ќе дојде во посета на нејзините баба и дедо за време на летниот распуст, ќе запознае нови пријатели.

„Нетфликс“ планира да сними нови 10 епизоди од популарната серија. „Луди 70-ти“ траеше осум сезони и беа снимени 200 епизоди. Во таа серија главните ликови беа Тофер Грејс, Лора Препон, Мила Кунис, Ештон Кучер и Дени Мастерсон.

Share
Scroll to Top