Новиот директор на ЈП „Градски паркинг“ Скопје на својот Фејсбук профил испрати порака дека нема кај него врски и на сите им рече да не му се јавуваат ако автомбилот им е блокиран или ако им го крене „пајак“.
„Пријатели, роднини, колеги и познананици, барајте ме за кафе или за дружење во секое време после работните обврски. Ве молам да не ми се јавувате доколку вашиот автомобил биде блокиран со шепа или кренат од пајак. Правилата и законите треба подеднакво да важат за сите, а особено за оние кои ми се мене блиски, тоа е она што ќе ви го кажам доколку побарате протекција. Јавно ги повикувам вработените во ЈП Градски Паркинг дека треба да стават шепа и на мојот автомобил доколку немам пратено СМС порак“. напиша тој.
Христовски вети дека професионално ќе работи на решавање на хаосот со паркирањето во Скопје.Тој досега беше вработен во МВР откако не добил безбедносен сертификат од УБК да се префрли во новоформираната Агенција за национална безбедност.