Францускиот претседател Емануел Макрон ја напиша својата најнова биографија, во која открива нови детали за односот со неговата 25 години постара сопруга Бриџит. Авторка на книгата е француската новинарка, Гаел Такалов, која се спријатели со нив во 2016 година.
Таа во последните година дена постојано е со нив, за да дознае детали за нивниот однос. На крајот ја напиша биографијата со име „Додека сме заедно“.
Книгата која не е официјално авторизирана од страна на претседателот и неговата сопруга, содржи нивни цитати и ги портретира како двојка која работи заедно и која се плаши да работи било што без знаење на другиот, пишува „Дејли Мејл“.
Авторката открива колку била фасцинирана од нивната љубовна приказна, а наведува дека францускиот претседател и се јавува на својата сопруга на секој час и дека таа е личност од најголема доверба.
Анонимни извори блиски до претседателот и неговата сопруга, исто така открија за нивната силна врска и како Бриџит е посветена на успехот на Макрон.
Поради големата разлика во годините, Бриџит се навикнала на шегите на нејзина сметка, а гласините за тоа како нивната врска не е само покритие за хомосексуалноста на Макрон, откри нивни близок пријател.
„Тие се вистинска двојка и се исклучително блиски“, рече изворот и додал дека и двајцата имаат заеднички распоред и дека од минута во минута знаат што другиот работи.
„Убедени се дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност. Претседателот заминува во кревет по разговор со жената која е заљубена во него. Таа понекогаш дреме и не го слуша што тој и збори, но, во поголемиот дел од времето таа го чека“, се дел од пикантериите во книгата.
„Двајцата се исклучително интелегентни, поврзани на разлини нивоа, но и покрај тоа, тие се силно заљубени еден во друг. Сакаат книги, читање и нивниот пристап на животот е таков. Кога разговарате со Бриџит или Емануел, нивниот говор е преполн со литературни алузии. Мојата книга не е политичка книга, туку книга за љубовта. Кога ги гледав заедно, а ги гледам често, секогаш се допираа и се бакнуваа во образ“, открива авторката на книгата.
„Зборуваат кога и колку можат, дење и ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа во женското крило на приземјето на Елизејската палата, а неговата е на првиот кат, па често се гледаат“, открива авторката.
Макрон е многу близок и со својата мајка. Во повеќе наврати во книгата се провлекува мајчинската улога на Бриџит кон сопругот. Авторката истакнува дека мајката на Макрон и Бриџит, која е три години помлада од свекрвата, имаат пријателски однос.