Не можеш да играш во тој фустан, судијка ѝ забрани на тенисерка да се натпреварува на „Ролан Гарос“

Не можеш да играш во тој фустан, судијка ѝ забрани на тенисерка да се натпреварува на „Ролан Гарос“

пред 2 години

Судијката на „Ролан Гарос“, Џенифер Џанг ѝ забрани на италијанската тенисерка Камила Џорџи да игра во осминафиналниот натпревар против Дарија Касаткина поради нејзиниот фустан. Таа ѝ објасни дека не ѝ бил во согласност со правилникот и дека мора одма да се пресоблече.

Затоа што немала друга опрема во себе, Џорџи морала да се откаже.

„Немам во што да се пресоблечам и ова ми беше единствниот фустан. Во него играв и претходно на турнирот“, рече Џорџи и појасни дека никој досега не ѝ се мешал во изборот на спортската опрема, кога играла против Јулија Путницева.

Таа рече дека не ѝ е јасно зошто оддеднаш тоа станало проблем. Иако многумина мисела дека фустанот ѝ бил прекраток, Џанг објасни дека проблемот бил во логото на компанијата DeLonghi и дека не бил според правилникот на „Ролан Гарос“.

 

 

Share
Scroll to Top