Не сум среќна во Холивуд, Ема Вотсон потврди дека се повлекува од глумата

Не сум среќна во Холивуд, Ема Вотсон потврди дека се повлекува од глумата

пред 1 година

Триесет и тригодишната глумица Ема Вотсон потврди дека се повлекува од глумата. Таа се стекна со славата уште од најраната возраст, во филмската франшиза за Хари Потер, а нејзината последна улога беше пред четири години во филмот „Малите жени“.

„Искрено да ви кажам, не се чувствував среќна. Како да бев заробена и ми беше тешко што морав да зборувам и да продадам нешто над кое всушност немав контрола. Новинарите ме прашуваа за моите ставови и ми беше фрустрирачки. Како да немав право на глас“, рече Ема во нејзиното интервју.

Рече дека сега во иднина ќе се фокусира на други работи и ќе го прави и она за кое смета дека не е правилно и за кое другите можат да ѝ замерат.

„Почнав да сфаќам дека сакам само да правам работи за кои, ако некој ми замери, би можела да кажам: ‘Да, се зафркнав, тоа беше моја одлука, требаше да го направам подобро’. Едноставно не сакам повеќе да бидам нечиј робот“, додаде Вотсон.

За потсетување неодамна рече дека на снимањето на „Хари Потер и реликвиите на смртта: Дел 2“ сите сакале да ја видат како се бакнува со Руперт Гринт. Тоа ѝ бил најсрамниот момент на снимањето.

Share
Scroll to Top