„Ние му ги затвораме очите, тој ги отвора“: Бугарин воскреснал среде својот погреб

„Ние му ги затвораме очите, тој ги отвора“: Бугарин воскреснал среде својот погреб

пред 4 години

Во бугарскиот град Сливен, човек, кој бил прогласен за мртов, се разбудил додека работници на погребното претпријатие го подготвувале за погреб.

Русе Русев (72), како што јавува телевизијата БТВ, на 13 октомври не се јавувал ни на телефон, ниту отворал врата, па негов пријател повикал полиција и брза помош. Лекарите го прегледале Русе и констатирале смрт. Потоа телото го презеле работници од погребалното претријатие, чиј сопственик Бисер Тодоров раскажува:

„Кога го извадивме од ковчегот, ни се причини дека дише, ние му ги затвораме очите, тој ги отвора, ние ќе му ја поместиме раката, тој ја враќа на место. Ни стана јасно дека човекот не умрел. Викнавме полиција и брза помош, кои веднаш го однесоа во болница. За 25 години работа не сум имал сличен случај“, вели Тодоров.

Русе уште се бори за животот, бил задржан на лекување во болница и е во кома.

 

 

 

Share
Scroll to Top