Никогаш немам користено ботокс, открива Џенифер Лопез

Никогаш немам користено ботокс, открива Џенифер Лопез

пред 1 година

Славната пејачка Џенифер Лопез објави фотка без шминка. Вели дека е горда на младешкиот изглед и е една од ретките ѕвезди што на социјалните мрежи споделува фотографии на кои е без шминка.

„Никогаш не сум користела ботокс. Не сум таков тип на личност. Немам нешто против луѓето кои го прават, но мене лично тоа не ме интересира“, рече таа во една прилика.

Тајната за нејзината здрава кожа на 53-годишна возраст е всушност многу едноставна. Со години користи неколку производи и во четири чекори успева да ја задржи кожата блескава со години.

Како што откри претходно, прво го мие лицето со средство за миење лице. Потоа нанесува серум што функционира како витамин за лицето. Го става два пати на ден, наутро и навечер. Откако ќе се апсорбира серумот, на лицето нанесува крем со заштитен фактор, чекор што не го променила од нејзините дваесетти години.

На крајот става крема за очи под очите и меѓу веѓите.

Share
Scroll to Top