Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс наскоро ќе ја прослават својата 10-годишнина од бракот. Парот кој важи за една од за најпознатите двојки во Холивуд, се запознал во 2010 година на снимањето на филмот „Зелениот фенер“ (анг. Green Lantern). Иако филмот беше вистинска катастрофа и финансиски неисплатлив проект, сепак успеал да ги спои. На почетокот тие само чувствувале симпатии и наклонетост еден кон друг, но меѓу нив немало ништо повеќе од пријателство. Во тоа време актерот бил тазе разведен од Скарлет Јохансон, додека Блејк тукушто разделена од Пен Бадгли со кого заедно глумеше во хит серијата „Озборувачка“ (анг. Gossip Girl).
Тие се виделе една година подоцна на двоен состанок, каде и двајцата имале различни партнери.
„Бевме на двоен состанок, јас бев со една девојка, а Блејк со друг маж. Но вечерта не заврши како што тие планираа, им изгледаше прилично чудно бидејќи меѓу нас имаше искри. Беше навистина чуден прв состанок за сите нас“, изјави Рајан во една прилика.
Тој додаде дека биле во мал ресторан во Трибека, кој отворал многу доцна. Кога почнала една песна, ја прашал дали сака да танцува со него. На улицата каде што стоеле немало никој.
„Тоа беше еден од оние моменти кога знаеш дека си ја „преминал линијата“ и после тоа отидов кај неа“, рече тој.
Како што раскажа подоцна, Блејк имала состанок во Бостон, исто како него, па ѝ предложил да патуваат заедно.
„Одевме заедно со воз и ја молев да спие со мене“, рече Рајан и додаде дека ја освоил така што користел солзи.
„Силно ги стиснав очите за да пуштам солзи по лицето, а потоа ѝ кажав тажна приказна за мојот живот.
Сепак накрајот успеал да ја придобие Блејк и тајно да се венча со неа во Јужна Каролина на 9 септември 2012 година.
Две години подоцна, на 16 декември 2014 година, го добија своето прво дете, ќерката Џејмс, а на 30 септември 2016 година ја добија и Инез. Парот ретко објавува информации за својот приватен живот, па јавноста беше шокирана кога Рајан пристигна на премиерата на неговиот филм „Покемон детектив Пикачу“ (анг. Pokémon Detective Pikachu) со Блејк во тесен жолт фустан, кој го истакна нејзиниот труднички стомак. Рејнолдс потврди дека актерката се породила само две недели по гласините, но сè уште не сакале да го откријат полот и името на бебето.
Доаѓањето на првото дете го потврди со фотографија, на која заедно со Блејк го држат бебето во раце и се гушкаат во шума, а описот под објавата откри дека пристигнала и третата ќерка. Тие го открија нејзиното име со песната на Тејлор Свифт – Бети.
Во една прилика Блејк за „Venity Fair“ откри дека станува во пет часот наутро, па така успева да ги усогласи деловните и приватните односи.
„Тренингот правете го во текот на денот, но не сами“, порача таа.
Блејк додаде дека ќерките не ѝ даваат ниту минута одмор, па затоа учествуваат и во вежбите. Таа ги „користи“ како тегови бидејќи, како што вели, се закачуваат на неа.
И двајцата се љубители на добриот хумор и ситните бељи кои си ги подготвуваат за да ја одржат страста. Актерот е познат по шеговитите објави на Инстаграм, меѓу кои онаа каде ѝ го честиташе роденденот. На фотографијата тој изгледа совршено, додека таа е фатена неподготвена.
Тој исто така ѝ го честита ланскиот Ден на мајката, пофалувајќи ја нејзината љубов и грижа кон нивното големо семејство.
„Зборовите не можат да опишат. Ти си срцето и душата на секој момент од нашето семејство. Благодарен сум за добрината со која зрачиш во секоја секунда од нашиот живот. Ја гледам таа љубов во очите на нашите деца. Секоја смеа, секое трепкање и секој момент на ранливост. Таа храброст што е потребна за мајчинство во оваа 2021 година е чин на чиста сила и херојство. Никогаш не можев да замислам дека непланираниот секс во тоалет на аеродромот ќе доведе до ова. Во секој случај, среќен сум што рефлектирам барем малку од сончевата светлина што не осветлува сите нас“
Во една прилика, Блејк зборуваше за нивниот брак во интервју за Вог.
„Сè што правиме во животот, правиме заедно. Ако снимам филм, ми помага да уживам во ликот, а истото го правам и кога тој снима. Заедно го избираме мебелот, што ќе јадеме. Тој е и прекрасен писател кој напиша прекрасни работи само за нас. И најдобро од сè, тој ме познава толку добро што ми кажува секогаш кога не правам нешто добро“.