Никол Кидман за секс сцените во новиот филм: Не сакам повеќе да го правам ова

Никол Кидман за секс сцените во новиот филм: Не сакам повеќе да го правам ова

пред 3 месеци

На овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, премиерно ќе биде прикажан еротскиот трилер Babygirl, со оскаровката Никол Кидман во главната улога. Иако веќе глумела во филмови со интимни сцени, се чини дека снимањето на секс сцените во овој филм и биле особено тешки.

„Снимав филмови кои се прилично откривачки, но ниту еден ваков“, изјави таа за Vanity Fair, објаснувајќи дека снимањето на тие сцени траело доста долго.

„Никогаш не можев целосно да се опоравам од тоа. Бев нервозна. Во еден момент помислив дека не сакам веќе никој да ме допира. Не сакав повеќе да го правам тоа“, таа рече.

Кидман ги опиша секс сцените како нешто што секој го прави приватно, но токму овој елемент на прикривање беше проблематичен за неа.

„Се чувствував многу изложена, како актерка, како жена и како човек“, рече таа.

Share
Scroll to Top