(Фото) Ибрахимовиќ го избра својот тим од соништата и ги насмеа фановите

(Фото) Ибрахимовиќ го избра својот тим од соништата и ги насмеа фановите

пред 3 години

Напаѓаќот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, ги насмеа фановите откако на „Инстаграм“ објави слика од неговиот фудбалски тим од соништата. 39-годишниот фудбалер на секоја позиција на теренот одлучи да се стави самиот себеси. „Ибра“, напиша тој на сите 11 полиња: како голман, напаѓач, крило, одбранбен играч и фудбалер од средниот ред.

Шведскиот фудбалер и покрај возраста е во одлична форма, а на поседниот натпревар пред неколку дена, постигна два гола за победа на Милан. Тој во досегашниот дел од сезоната, одигра шест натпревари во Серија А, постигна 10 гола и е прв стрелец во првенството.

Share
Scroll to Top