Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски (33) испиша историја во УФЦ, откако го совлада Кореецот Чан Сунг Јунг, уште попознат како „корејско зомби“. Тој успеа да ја одбрани титулата во перолесна категорија по трет пат во неговата карира, откако претходно го победи Макс Холовеј во реванш-мечот, како и другиот противник Брајан Ортега.
„Ви кажав пред борбата оваа недела, во моментов сум на друго ниво и не може никој да ме запре“, кажа Волкановски по победата.
Досега двапати го бранеше појасот, кој го држи од крајот на 2019 година. Волкановски, кој е познат уште како „Велики“ се наоѓа на третото место на П4П.