Нина Црнокрак е новата Little Miss Planet 2023, уште две титули за сестрите Стефанови

Нина Црнокрак е новата Little Miss Planet 2023, уште две титули за сестрите Стефанови

пред 11 месеци

Вчера вечер во Бугарија, Варна – Златни песоци се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Planet и Miss&Mister Teen Planet 2023.


Во конкуренција на Little Miss Planet победи  Нина Црнокрак (11), а во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваа сестрите Дебора(15) и Лаура (17) Стефанови.

Дебора ја освои титулата Прва придружничка, а Лаура титулата Мис талент. Сите три се членки на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое беше поддршка на нашите девојчиња, а во жири комисијата меѓу останатите национални директорри и познати личности беше и Светлана Црнокрак.

Нина, Лаура и Дебора на финалето кое се одржа во хотелот Асториа на Златни песоци, се претставиja во модели на Јасмина Дракул, специјално изработени за оваа пригода.

 

Share
Scroll to Top