Контроверзниот британски новинар, Пирс Морган, го нарече најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ „наводен шампион“ и „патетично разгалено детиште“. Морган, кој во јавноста е познат како навредливите и саркастични коментари, на Твитер напиша дека не е импресиониран од тенисерот. Тој додаде дека Новак со однесувањето во Токио ги разочарал сите.
„Новак Ѓоковиќ се однесува како патетично разгалено дериште: кршеше рекети, изгуби контрола и се повлече од мечот во двојки за ни неговата партнерка да не може да освои медал. Ги разочара своите колеги, своите фанови и својата земја. Срамно однесување од еден наводен шампион“, вели Морган.
Ѓоковиќ пред Олимпијадата најави дека ќе се обиде да освои две злата во Токио, во сингл и во мешани двојки, но на крајот не освои ниеден медал. Тој загуби во натпреварот за бронза од Пабло Карењо Буста, а потоа го предаде и натпреварот за бронза во мешани двојки, каде што играше со Нина Стојановиќ.
Pathetic spoiled brat behaviour by Novak Djokovic at the Olympics today – smashing racquets, ranting & raving, & pulling out of the doubles thus costing his partner a medal. He let his teammates down, his fans down, & his country down. Shameful antics from a supposed champion. ? pic.twitter.com/YXC0TI8moC
— Piers Morgan (@piersmorgan) July 31, 2021