Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Дубаи. Ова го потврдија организаторите кои рекоа дека се воодушевени што најдобриот тенисер во светот ќе се врати во Дубаи по 12 пати и ќе може да се бори за шестата титула.
„Му посакуваме многу среќа. Воодушевени сме што можеме да им посакаме добредојде на толкав број на врни играчи на 30 годишнината од турнирот“, рече извршниот директор Колм Маклафлин.
Покрај Ѓоковиќ на турнирот ќе настапат и минатогодишниот шампион, Русинот Аслан Карацев, шестиот тенисер на светот, Андреј Рубљов, Канаѓанецот Денис Шаповалов и Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

За Ѓоковиќ ова најверојатно ќе биде прв турнир во годината, откако австралискиот Сојузен суд на 16 јануари му ја одби жалбата на откажувањето на визата затоа што не беше вакциниран против коронавирус. Тој беше депортиран од Австралија и не можеше да настапи на првиот гренд слем сезонава. Турнирот во Дубаи ќе почне на 21 февруари и ќе трае до 26 февруари.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Бритни за својот 55- часовен брак со пријателот од детството: Ми беше здодевно и бев пијана
Принцот Хари го повредил Чарлс кога му ја кажал дека е во врска со Меган, тврдат кралски аналитичари
Претставата „Торонто експрес“ ќе има премиера на 15 декември во МНТ
Хамилтон останува во Мерцедес уште две години за плата од 40 милиони фунти
Колку траел животот на Лајка во вселената, тајна која се криела со години
Божиќни филмови за целото семејство
