Владо Јаневски сними нова песна „Ненормален“, која премиерно ќе се емитува утре на „Бубамара радио“. Аранжманот е на Никша Братош и Валентино Скендеровски, а Владо сними и спот на релација Скопје-Загреб.
Во спотот може да се види и слушне препознатливиот романтичен дух на музиката на Владо, но со нов, модерен призвук. Со песната тој го најави и новиот албум кој ќе биде промовиран следниот месец во издание на „Кроација рекордс“.






