Новата сопруга на Борис Џонсон изнајмила дизајнерска венчаница за 45 фунти за тајната венчавка викендов

Новата сопруга на Борис Џонсон изнајмила дизајнерска венчаница за 45 фунти за тајната венчавка викендов

пред 3 години

Кери Симондс, која викенов тајно се омажи за британкиот премиер Борис Џонсон, за венчавката изнајмила венчаница од грчкиот дизајнер Кристос Костарелос за 45 фунти. Фустанот се продава за 2.800 фунти, но Кери решила сепак да го изнајми, пренесуваат британските медиуми.

Двојката се венча во саботата на приватна церемонија во католичката катедрала Вестминстер, во присуство на мала група роднини и пријатели. По венчавката Џонсон (56) веднаш се врати на работа и ги одложи плановите за меден месец.

Според сегашните мерки, на венчавките во Велика Британија не смеат да присуствуваат повеќе од 30 луѓе, па премиерот најави дека ќе прави поголема веселба на 30 јули 2022 година.

Тој е првиот британски премиер во последните 199 години кој се оженил додека бил на функцијата. Тој и 23 години помладата Симондс се свршија на карипски остров на крајот на 2019 и лани во март го добија синот Вилфред. Ова е трет брак за Џонсон, а од претходните врски има најмалку пет деца.

Share
Scroll to Top