Нова теорија на заговор: Кина собира ДНК податоци со цел да наштети на одредни групи, тврди писателот Гордон Ченг

Нова теорија на заговор: Кина собира ДНК податоци со цел да наштети на одредни групи, тврди писателот Гордон Ченг

пред 3 години

Во јавноста се појавија голем број на загрижувачки шпекулации, покренати од одредени теоретичари на заговори, дека Кина ја собира ДНК од светската популација и преку опасна шема, се обидува да избрише одредени етнички и расни групи, пренесува Курир.рс.

Овие обвинувања ги изнел писателот Гордон Ченг, човекот кој ја има напишано книгата 2001, „Скорашен колапс на Кина“.

Кинеската база на податоци за ДНК, продолжила да расте за време на пандемијата со коронавирусот и земјата ја користи својата вакцина како начин за информации за американските граѓани, изјавил Ченг, за „Фокс њуз“.

„Тие ни велат дека ќе ни ја дадат оваа вакцина, но мораат да ги завршат испитувањата и дека нашите популации мора да ги користат за тестирање. Ако не сакаме да учествуваме во овие испитувања, нема да ја добиеме кинеската вакцина“, изјавил Ченг.

Тој тврди дека Кина е способна да собере многу чувствителни информации за луѓето надвор од Кина, така што ќе купува американски компании кои имаат ДНК профили и ќе ги субвенционираат ДНК анализите за предците.

Меѓународно прифатените КР кодови за патувања во земјата и надвор од неа, бил уште еден начин, да Народна Република Кина ја прошири својата база на податоци за текот на пандемијата на коронавирусот, тврди тој.

Според неговите зборови, пристапот на повеќе од 80 милиони здравствени профили и дава на Кина способност да создаде опасно биолошко оружје, способно да уништи цели етнички групи.

Тој додал дека доминацијата на биотехнолошката индустрија е многу важна, тврдејќи дека Кина веројатно ќе се обиде да развие болести кои имаат за цел одредени етнички или расни групи.

„Коронавирусот не е последниот патоген кои ќе се генерира од кинеско тло. И затоа мораме да бидеме загрижени дека следната болест ќе биде пренослива и посмртоносна од новиот коронавиурс“, изјавил тој.

Извор/Курир.рс

Share
Scroll to Top