Новинар на „Би-би-си“ ја уценувал Дајана да ѝ направи интервју во кое таа ја откри аферата на принцот Чарлс со Камила

Новинар на „Би-би-си“ ја уценувал Дајана да ѝ направи интервју во кое таа ја откри аферата на принцот Чарлс со Камила

пред 3 години

Новинар на „Би-би-си“ ја уценувал Дајана да ѝ направи интервју во кое таа ја откри аферата на нејзиниот сопруг принцот Чарлс со Камила.

Поранешната принцеза Дајана била принудена да го направи интервјуто за „Би-би-си“, во кое таа ја открива вистината за бракот и за односите со нејзиниот тогашен сопруг принцот Чарлс. Ова се открива во новиот документарец за поранешната принцеза, The Truth Behind the Interview.

Во документарецот се открива дека, водителот Мартин Башир, кој тогаш го водел интервјуто, направил лажни документи, од кои можело да се види како поранешен член од тимот на Дајана, бил платен за да открива детали од кралскиот двор, за кралското семејство.

Мартин ја уценувал Дајана со овие документи, за да таа го направи интервјуто со него. „Би-би-си“ овие тврдења ги има истражувано уште во времето кога за првпат излегоа во јавноста. Дајана во времето додека беше жива, ги негирала ваквите обвинувања и ги окарактеризирала за невистини.

Таа дури и потпишала изјава кога се појавила споменатата тужба дека не била принудена да го направи интервјуто, со цел да ги отфрли сите сомнежи. Писмото кое Дајана го потпишала наскоро подоцна исчезнало, поради што никој денеска не ја знае вистината.

Интерните податоци на „Би-би-си“ од тој период, посочуваат дека принцезата писмено потврдила дека документите со кои Мартин ја уценувал не одиграле никаква улога во нејзината одлука да го даде интервјуто.

Но, „Би-би-си“, повеќе не ја поседува ваквата белешка, ниту пак има нејзина копија. Но, нејзиното постоење е документирано во евиденцијата.

За потсетување, во тоа интервју, Дајана говорела за крахот на нејзиниот брак со принцот Чарлс, кој во тоа време бил со Камила. Иако биле љубовници, аферата на Чарлс стана медиумска сензација, дури откако Дајана јавно проговори за истата.

Токму поради таа причина, Камила до ден денес се смета за една од најомразените членови на кралското семејство. Голем број од обожавателите и понатаму не можат да се помират со фактот дека Дајана починала несреќна поради сето тоа што и се случувало во кралското семејство.

Две години пред нејзината смрт, таа одлучила да седне на столчето на „Би-би-си“ и да ја раскаже вистината.

„Во тој брак не имаше тројца и беше гужва“, беше познатата реченица која Дајана му ја кажа на новинарот Мартин Башир. Денес, 25 години по познатото интервју, во споменатиот документарец се тврди дека Дајана била присилена да го одработи истото.

Иако Дајана почина во 1997 година, за неа и понатаму се говори во јавноста. Во последно време, голем број на документарни филмови излегуваат за неа, инспирирани од нејзиниот живот.

Додека се чека делото на „Нетфликс“, во документарниот филм за принцезата Diana: The Truth Begind the interviw, открива детали за нејзиното најпознато интервју дадено за „Би-би-си“, кое ги открива деталите за односот меѓу неа и принцот Чарлс.

Share
Scroll to Top